Мајка Тереза: Со колкава љубов даруваме

Настана немаштија за шеќер и сестрите дојдоа да ми кажат. Многу беа загрижени, што ниту една од нив не го забележа четиригодишното дете, кое ги посматраше. Го прегрнав и му шепнав: „Мајка Тереза повеќе нема шеќер за своите деца.“

После неколку дена, малиот ги доведе своите родители во куќата на Мајка Тереза и бараше да ја повикаат. Штом ја виде како доаѓа, цврсто ја испружи стиснатата шака во која имаше сад со шеќер.

Тоа дете, кое едвај можеше да го изговори моето име, љуби со голема љубов и ме научи дека не е важно колку даруваме, туку со колкава љубов даруваме.

********

Незнам точно како ќе биде во небото, но знам, кога ќе умреме и кога ќе дојде време Бог да ни суди, нема да нѐ праша: Колку добри работи направи во животот? Најпрво ќе нѐ праша: Со колку љубов го правеше она што го направи?

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

За авторот