Помош од Папата за жртвите од сушата во Лесото

Папата Фрањо донираше 400 илјади долари за владата на Лесото како помош за соочување со тешката суша која ја погоди таа држава и цела јужна Африка. Сушата во Лесото предизвика пад на земјоделските производи од 62% во последната сезона што значи глад за повеќе од 500 илјади луѓе.

Папата Фрањо донираше 400 илјади долари за владата на Лесото како помош за соочување со тешката суша која ја погоди таа држава и цела јужна Африка заради флуктуации на ветровите и температурата на водата – појава позната како Ел Нињо. Ова каритативна иницијатива на Папата ја соопшти за African Independent апостолскиот нунциј во Јужноафриканската Република, Боцвана и Свазиленд монс. Петер Брајан Велс.

Станува збор за посебно значаен гест „Многу е необично“ што Папата ваквите донации директно ги предава на владата. Редовен начин на постапување на Светиот Престол во случај на тешки непогоди е пружење помош по пат на разни агенции како Каритас или локални епископски конференции. Во овој случај Папата „ја искористи можноста да покаже дека на делото го спроведуваме она што го кажуваме, дека не пружиме само празна наука“ – рече нунцијот, а пренесе Осерваторе Романо.

Во Лесото владее недостиг на вода, глад и се шират болести. Економската криза тешко го погоди афричкиот југ кој освен тоа мора да се носи со високата стапка на сида. Сушата во Лесото предизвика пад на земјоделските производи од 62% во последната сезона што значи гладс за повеќе од 500 илјади луѓе.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот