Папата ручаше со младите волонтери
Папата Фрањо на 30 јули 2016 година ручаше со неколку млади луѓе кои служат како волонтери во Краков на Светскиот ден на младите. Приватната средба се случи во надбискупската резиденција по светата Литургија со свештениците и луѓето со посветен живот во светилиштето Свети Иван Павле II.
Младите кои му се придружија на Светиот Отец на ручекот доаѓаат од различни континенти вклучувајќи претставници од Нов Зеланд, од Зимбабве, Италија, Колумбија, Украина, Русија како и од Полска. Секој од нив имаше можност да му постави на папата Фрањо прашање на кое одговараше со помош на преведувач. Зборувајќи на прес-конференцијата по ручекот еден од волонтерите истакна дека го праша како се чувствувал по изборот за Петров наследник. Папата одговорил дека бил мирен и тој мир до денес не го изгубил.
РВ/к.мк