Струмица: Средба на брачни парови
Во недела 12 јуни 2016 година во просториите на парохијата Свети Иван Крстител – Струмица се одржа средба на брачни парови, a ја предводеше о. Гоце Костов. Покрај редовните учесници на средбата присуствуваа и брачни парови кои искажаа интерес да се запознаат со овие средби. Средбата започна со молитва и презентација на иницијативата, како и начинот на кој се одржуваат. Потоа следуваше краток филм со наслов: „Повик во бој – општествена криза на машкоста“.
По завршувањето на филмост следуваше дискусија за филмот, а о. Гоце Костов одржа кратка катехеза за семејството, во која говореше за улогата на мажот и жената во христијанското семејство.
Оваа средба на на брачни парови во парохијата Свети Ивана Крстител – Струмица се одржуваат редовно секоја недела, за почнувајќи од Годината на семејството.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
За авторот
Слични написи

Бискупот Стојанов упати благодарност до Католичката прес агенција на Бискупската конференција на БиХ
