Децата од Сирија го повикуваат целиот свет да моли за мир

Меѓународниот ден на детето ќе биде во Сирија можност за посебна молитва која ќе ги обедини католичките и православните заедници. Заедно ќе молат за мир чии протагонисти ќе бидат токму децата – рече папата Фарњо пред молитвата Ангел Господов.

Пред молитвата Ангел Господов на крајот од светата Литургија по повод Јубилејот на ѓаконите, Папата меѓу останатото потсети дека денес се одбележува посебен национален ден за помош на луѓето добро да го живеат завршниот стадиум од својот земски живот. Исто така го спомна денешното традиционално поклонение во полското Богородично светилиште Пиекаре Шлаские. „Нека Мајката на милосрдието ги поддржи семејствата и младите во одењето кон Светскиот ден на млади во Краков“ – рече Папата.

Исто така Светиот Отец потсети дека на први јуни во Сирија ќе се одржи посебна молитвена иницијатива. Меѓународниот ден на детето ќе биде во Сирија можност за посебна молитва која ќе ги обедини католичките и православните заедници. Заедно ќе молат за мир чии протагонисти ќе бидат токму децата. „Децата од Сирија го повикуваат целиот свет да се обедини со нивната молитва за мир“ – кажа Светиот Отец.

Во Сирија речиси два и пол милиони деца помлади од пет години се изложени на ризик од неухранетост. Овие денови посебно е драматична состојбата на повеќе од 3000 деца кои заедно со илјадници други луѓе се наоѓаат во бегалски камп во близина на Дамаск на подрачје кое е под опсада и заради тоа е спречен премин за било каква основна помош. На подрачјето на Алепо пак повеќе од 1,2 милион деца преживуваат во тешки услови.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот