Папата: „Да ги „прекршиме“ своите животи за ближните
На светата Литургија за празникот на Пресветата Евхаристија, папата Фрањо потсети дека светците ги „скршиле“ своите животи за другите, правејќи го со тоа знакот на љубовта за целиот свет. По традиционалната евхаристиска процесија кон базиликата Света Марија Велика верниците ги благослови со Пресветата Тајна Евхаристија.
На светата Литургија за празникот на Пресветата Евхаристија, папата Фрањо потсети дека светците ги „скршиле“ своите животи за другите, правејќи го со тоа знакот на љубовта за целиот свет. Светиот Отец служеше света Литургија на 26 мај 2016 година пред базиликата Свети Иван Латерански, а по Евхаристијата се упати на традиционалната евхаристиска процесија кон базиликата Света Марија Велика каде што верниците ги благослови со Пресветата Тајна Евхаристија.
„Ова правете го во мој спомен“ се Исусовите зборови со кои Папата ја започна својата хомилија. Потсети дека Евхаристијата секогаш за свој субјект Го има Исус, но се остварува по „пат на нашите бедни раце“. Така било и пред уморното и гладно мноштво, кога Исус на учениците им кажал тие сами да им ги дадат да ги јадат рибите и лебовите, кои Тој ги прекршил.
„Јасно е дека со тоа чудо не сакал да го задоволи гладот за само еден ден, туку дека се работи за знак на она што Христос имал намера да го оствари за спасение на целото човештво, дарувајќи го своето тело и својата крв.“ Меѓутоа треба секогаш на тоа да пристапуваме, вршејќи два мали геста: нудејќи ги малобројните лебови и риби кои ние ги имаме и примајќи го прекршениот леб од Исусовите раце и делејќи го со сите.“
Папата Фрањо потоа се фокусираше на зборот „прекрши“ кој што како што напоменува ги опишува животите на „сите светци и светици“, познати или анонимни кои самите себе се „прекршиле“ за да „дадат да јадат“ ближните. Колку мајки и татковци заедно со секојдневниот леб се прекршени на домашната трпеза, исто така го прекршувале своето срце за децата да растат и растеле добро. Колку христијани, како одговорни христијани, го прекршиле сопствениот живот за да го заштитат достоинството на сите посебно на најсиромашните, маргинализираните и дискриминираните“ – рече Светиот Отец.
Силата да се „прекршиме“ за другите доаѓа токму од Евхаристијата, од силата на „љубовта на воскреснатиот Господ кој и денес го прекршува лебот за нас.“ Нека евхаристиската процесија по светата Литургија исто така одговори на Исусовата заповед: дело за спомен на Не Него, чин кој ќе даде храна на денешното мноштво, дело на прекршување на нашата вера и животот како знак на Христовата љубов за овој град и за целиот свет – рече на крајот папата Фрањо.
РВ/к.мк