Честитки за именденот на бискупот Стојанов

Свештеници и монахињите од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија, како и од редакцијата на христијанското списание Светлина, интернет страницата Католици.мк и Радио Марија му го честитаа именденот на Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх монс. Киро Стојанов, посакувајќи му многаја и благаја лета.

На 23 мај 2016 година, во пресрет на празникот свeи Кирил и Методиј според јулијанскиот календар, свештениците и монахињите кои делуваат во градот Скопје, лично му го честитаа именденот на монс. Киро Стојанов.

Кон честитките се придружуваат и останатите свештеници и монахињите од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија, како и од редакцијата на христијанското списание Светлина и интернет страницата Католици.мк

На средбата со свештениците и монахињите кои делуваат во градот Скопје бискупот Стојанов се заблагодари на честитиките, за семејниот гест на љубов и заедништво. На оваа средба тој говореше за неодамнешната посета кај Светиот Отец папата Фрањо, по повод посетата на Ватикан, заедно со македонската државна делегација. Исто така, ги пренесе поздравите кои папата Фрањо ги упати до нашата Црква, велејќи дека му пренел на папата Фрањо дека го чекаме во Македонија, а папата одговорил со следните зборови: „да и на претседателот му реков дека сакам да дојдам во Македонија.“

Заедништвото продолжи во срдечна атмосфера.

На многаја и благаја лета, Владико!

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот