Статуата Марија од Назарет пристигна во црквата Свети Иван Крстител – Струмица
Во сабота 21 мај 2016 година статуата на „Марија од Назарет“ свечено е пречекана во парохиската црква „Свети Иван Крстител“ во Струмица. Откако статуата на Марија од Назарет е внесена во црквата, во процеија и со богородична песна, статуата е поствена пред иконостасот, а потоа се молеше Молебен до Пресвета Богородица, кој го предводеше парохот о. Гоце Костов. На крајот до верниците се обрати патер Џовани Марија Леонарди, кој ја истакна љубовта која Богородица ја има кон секој од нас.
Во 18.00 часот во црквата Свети Иван Крстител – Струмица Н.В.П. монс. д- р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, ќе служи света Литургија. По светата архиерејска Литургија следува целоноќно бдение и црквата ќе биде отворена во текот на ноќта.
Во недела 22 мај околу 15.00 часот статуата Марија од Назарет свечено ќе биде испратена за Гевгелија и Богданци.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк