Португалија: „Недела за животот“

„Да се ​​грижиме за животот. Земјата е нашиот дом“: под ова мото од 15 до 22 мај во Португалија се одржува „Неделата за животот“, организирана од епископска комисија за лаици и семејство.

 „Иницијативата е поттикната од енцикликата на папата Фрањо „Lаudato si“, посветена на грижата за заедничкиот дом, објаснуваат организаторите.

„Не треба да изненадува фактот дека еколошкото прашање зазема централно место во Неделата за животот, пишуваат португалските епископи, бидејќи во својата енциклика папата Фрањо пишува: „Кога во реалноста не се признава важноста на еден сиромашен, на еден човечки ембрион, на еден човек со попреченост, тешко ќе биде чуен и лелекот на природата. Сè е поврзано. Затоа треба да го насочиме вниманието кон целокупната екологија, која го вклучува достоинството на секоj“.

Претстојната „Недела за животот“ треба да ја помогне средбата со целокупната екологија и да биде за сите радосно славење на животот, прифатен, посакуван и споделен“, посакуваат португалските епископи.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот