Никој не може да ни го одземе достоинството на деца Божји

И во најгрдиот момент во животот Бог ми простува и сака да ме прегрне – тoа е централната мисла во Јубилејот на милосрдието која папата Фрањо ја повтори во катехезата на Генералната аудиенција на 11 мај 2016 година на плоштадот Свети Петар.

Аудиенцијата започна со поздравот на Папата на болните кои беа сместени во салата Павле VI.

Божјата „логика на милосрдието“ ја совладува секоја човечка пресуда. Ја побива и свртува крутата норма на честа пропишана за праведникот и казните одредени за грешниците. Божјото срце напротив е голем дом во кој владее законот на простувањето коее се нуди и братството кое обединува.

Нежноста на таткото

„Милосрден Отец“ е темата која му е многу драга на папата Фрањо, но и наслов и сржта на денешната катехеза на Папата е составена врз основа на параболата за блудниот син. Она што Папата го интересира се последните две сцени. Во првата таткото не сака ниту да го слушне понизниот чин на синот кој ги признал своите грешки; уште повеќе – рече Папата – му ги враќа знаците на неговото достоинство: прекрасна облека, прстен и обувки.

Исус не го опишува навредениот и лут татко кој му вели на синот: „Тоа ќе ми го платиш!“… Не таткото го прегрнува, го пречекува со љубов. Единствено што му е на срцето на таткото е дека пред него е неговиот син жив и здрав и тоа го прави среќен (…) Каква е таа нежност – рече Папата и ги наведе зборовите од Евангелието: го здогледа уште додека беше далеку. Што тоа значи? – праша Папата. Дека таткото постојано одел на терасата да гледа на патот за да види дали се враќа неговиот син… Го чекал тој син кој сешто направил, но таткото го чекал. Колку е убава таа нежност на таткото.

Достоинство кое е засекогаш

Милосрдието на Отецот е премногу изобилно, безусловно. Преку прегратката на таткото и бакнежот момчето сфаќа дека и покрај сè секогаш бил сметан за син. Важно е тоа Исусово учење истакна Светиот Отец – нашата состојба на деца е Божји плод на срцето со љубов, кое го има Отецот; не зависи од нашите заслуги или нашите дела затоа што никој не може да ни го одземе, никој, па ниту ѓаволот! Никој не може да ни го одземе тоа достоинство – рече Папата.

Со Бог не може да се тргува

И во најлошите ситуации во животот морам да бидам сигурен дека Бог ме очекува, Бог сака да ме прегрне, Бог ме чека – повтори Папата. Меѓутоа параболата зборува и за синот кој не сака да слушне за татковските чувства на нежност. Чувствата кои постариот син ги чувствува кон братот се чувства на презир. Кутриот татко! – истакна Папата – Едниот син заминал, а другиот навистина секогаш му бил близу, но не ја живеал радосно таа близина.

На постариот син исто така му е потребно милосрдие. Праведни, оние кои веруваат дека се праведни и на нив им е потребно милосрдие – рече Папата и додаде – Тој син нè претставува нас кога се прашуваме дали вреди толку да се мачиме, ако за возврат не добиваме ништо. Исус нè потсетува дека во куќата на Отецот не се останува за да се добие некоја награда, туку затоа што имаме достоинство на со-одговорни деца. Не станува збор овде за некоја „размена“ со Бог, туку за наследување на Исус Кој на крстот се дарувал самиот себе и тоа без мерка – објасни папата Фрањо.

Потребна ни е куќата Божја

На крајот од параболата таткото повторно го врати изгубениот син и го враќа и неговиот брат. Без помладиот ниту постариот син не е повеќе „брат“ – рече Папата и додаде – Најголемата радост за таткото е неговите деца да се препознаат како браќа.

Децата можат сега да одлучат дали ќе се придружат на радоста на таткото или ќе ја одбијат. Мора да се преиспитуваат за своите желби и погледи на животот – рече папата Фрањо. Крајот на параболата не е докажан; не знаеме што одлучил да направи постариот син. И тоа за нас е поттик. Тоа Евангелието нè учи дека на сите ни е потребно да влеземе во домот на Отецот и да учествуваме во неговото славење на милосрдието и братството – истакна Папата.

Богородица Фатимска повик на преобраќање

Во поздравите по катехезата папата Фрањо меѓу останатото потсети дека во петок се слави литургискиот спомен на Богородица Лурдска истакнувајќи дека Богородичното објавување уште еднаш нè повикува на молитва, покајание и преобраќање и да не го навредуваме повеќе Бог и го предупредува целиот човечки род дека треба да се препуштиме на Бог, топлата љубов и милосрдие.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот