Мајка Тереза на 4 септември ќе биде прогласена за светица
Папата Фрањо на 15 март во текот на редовниот конзисторум во Ватикан го потпиша декретот за канонизација на пет блаженика наведувајќи го и датумот на нивното прогласување за светци. Посебна радост за целата Црква ќе биде канонизацијата на Мајка Тереза на 4 септември.
Мајка Тереза е родена е 26 август 1910 година во Скопје, Македонија како Гонџа Бојаџиу, после посебниот Божји повик Мајка Тереза започнала да работи во сиромашните квартови во Индија, да ги поучува децата и да се грижи за болните. Во 1950 година службено ја основа Мисионерки на љубовта како конгрегација во бискупијата во Калкута. Починала во 1997 година, а за блажена ја прогласи свети Иван Павле II само шест години подоцна, во 2003 година.
На конзисториумот исто така е одреден датумот за канонизација на блажена Мери Елизабет Хезелблад, блажен Хозе Санчез дел Рио, блажен Станислав од Исус и Марија и блажен Хозе Габриел Брочера. Блажен Хозе Луис Санчез дел Рио бил брутално мачен и убиен на само 14 години во текот на верскиот прогон на анти-свештеничкиот режим на мексиканскиот претседател Плутарко Елјиас Калес.
По неуспешните обиди момчето да го наведат на отпаѓање од верата, владините сили го мачеле и убиле на 10 февруари 1928 година така што му отсекле делови од стапалата и го присилиле да оди бос до гробиштата удирајќи го по патот со мачети. Пред да го убијат Хосе Луис извикал „Viva Cristo Rey“ односно „Да живее Христос Цар!“
Блажен Хосе Габриел Брочеро ќе биде првиот аргентински светец. Роден е во 1840 година станал познат како „свештеник – каубој“ кој посебно се истакнал во служењето на болните и оние на умирање, а и самиот заболел од лепра. Исто така Шведска ќе добие нова светица: Мери Елизабет Хезелблад која ќе биде канонизирана на истиот ден како и блаженикот од Полска Станислав од Исус и Марија Папзунски.
Мери Елизабет била медицинска сестра која се преобратила на католицизам. Основала нов ред Пресветиот Спасител на света Бригита. Станислав пак бил свештеник од 17 век познат по списите и постојаните мотиви и рамислувања за Божјото милосрдие. Имал и визија на душите во чистилиштето и поттикнувал на покора и молитва за нив.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк