Десет совети од свети падре Пио за добар пост
Великиот пост е време за да ја обновиме нашата свесност за духовната борба за што можат да ни послужат мислите на свети падре Пио кои нè потсетуваат на она што е навистина важно. Советите на свети Падре Пио во текстот се дадени со потемни букви.
1.Пред сè – потреба за духовно војување. Сатаната е лав кој рика и која бара некого да проголта и тоа секогаш треба да го имаме на ум во текот на Великиот пост – Секогаш да го имаме пред очи фактот дека овде на земјата сме на бојно поле и дека во рајот ќе примиме круна на победник; ова е место на тестирање и наградата ќе ја добиеме горе. Сега сме во прогон, а нашата вистинска татковина е рајот кон кој постојано треба да тежнееме.
2.Светата Бројаницата е најдоброто оружје за битката – Цврсто држете се за Светата Бројаницата. Бидете многу благодарни на Богородица затоа што ни го даде Исуса. Сакајте ја Богородица и направете другите да ја сакаат; секогаш молете Света Бројаница и молете ја што почесто.
3. Не плашете се од понизноста. Понизноста е бескрајна. Чистотата е моќ. Тие исто така се оружја за битката. – Понизноста и чистотата се крилјата кои нè носат до Бог и нè прават речиси божествени.
4. Не очекувајте брз успех. Духовниот живот е долго патување. Цел животен проект. Одите ден по ден, чекор по чекор. Ако се сопнете и паднете веднаш станете и продолжете понатаму. Никогаш не се откажувајте. – Во духовниот живот морате секој ден да одите еден чекор напред, од долу кон горе.
5. Вашата несреќа не е сè на светот. Вашата среќа не е сè на светот. Не дозволувајте чувствата да одредуваат дали духовно напредувате или не. Среќата и успехот според стандардите на светот се потполно во спротивност од духовниот напредок – Постојано гледајте во Него додека ве води до рајската земја. Нека не ви биде важно дали Исус ве води до рајот преку пустина или ливада, сѐ додека Тој е со вас и сѐ додека вие не дојдете во посед на благословената вечност.
6. Исклучете ги екраните за време на Великиот пост. – Исклучете го телевизорот. Намалете го користењето на Фејсбук и останатите компјутерски работи. Прочитајте некоја добра книга. Нахраните ја душата. – Не сметајте дека премногу барам ако повоторно побарам светите книги да ги сметате за важни и да ги читате почесто. Духовното четиво ви е неопходно како што го дишете воздухот.
7. Бидете внимателни на светата Литургија. Бог е присутен. Тоа не е само некој „семеен ручек“ или мотивациски говор за време кога ние одлучуваме дека ќе го направиме овој свет подобро место. Тоа е прагот на рајот и една потполна совршена жртва која доаѓа во сегашниот момент и донесува благослов за сите наши потреби – Обновете ја својата вера одејќи на света Литургија. Концентрирајте се на мистеријата која се одвива пред вашите очи. Во мислите отидете на Голгота и медитирајте за Жртвата која се понудила Себе за Божјата праведност и ја платила цената за нашето откупување… Кога само би знаеле колку Бог ја цени оваа Жртва би го ризикувале својот живот за да дојдеме на света Литургија.
8. Вашата дисциплина во времето на Великиот пост ќе ви помогне да ја прочистите својата љубов кон создадените работи и ќе научите исправно да ги сакате работите кои се вечни. Според тоа не бидете обесхрабрени. Правете мали жртви, но нека бидат вредни – Оној кој се врзува за земјата останува приврзан за неа. На насилен начин треба да ја напуштиме. Подобро е да се разделуваме малку по малку отколку одденаш и целосно. Секогаш да мислиме на рајот.
9. Не бидете обесхрабрени. Вие мислете дека правите добро, но всушност тоа Бог го прави внатре во вас. Кога тоа ќе го сфатите уште повеќе ќе сакате да соработувате со Божјата волја и тоа уште побрзо ќе ве одведе на вистинскиот пат – Да се понизиме и да си признаеме на себе дека без Божјата заштита би биле ранети од сите видови на гревови. Заради тоа мораме да живееме во Бог така што да истраеме во она што го правиме и да служиме без оглед на последиците.
10. Бидете потполно посветени на Бог и Тој нема да ве изневери. Сетете се на редовите од Библијата: „Надевај се на Господа од сè срце и не се потпирај врз твојот разум.“ – Да се обидеме да му служиме на Господ со целото свое срце и волја. Тој секогаш ќе ни даде повеќе од што заслужуваме.
Dwight Longenecker/Битно.нет/к.мк/Д.И.