Папата: Покрај науката на верата да се зачува и моралот

Милосрдието е заглавен камен кој го подржува животот на Црквата. Првата вистина за Црквате е љубовта Христова – рече папата Фрањо во говорот упатен до учесниците на пленарното заседание на Конгрегацијата за наука на верата, кои ги прими во петок 29 јануари 2016 година.

Притоа Светиот Отец ја истакна важноста на телесните и духовните дела на милосрдието во Светата година и нагласи дека тие и на крајот од животот ќе нѐ прашаат не само дали „го нахранивме гладниот или го наповиме жедниот“, туку исто така ќе бидеме прашани и дали сме „помогнале на лицата да го надвладеат сомнежот, дали сме се потрудиле околу прифаќање на грешниците, опоменувајќи ги или исправувајќи ги. Дали сме се бореле против незнаењето, посебно по прашања поврзани со христијанската вера и исправниот живот“.

Папата рече дека христијанската вера не е само знаење кое треба да се запамети, туку е и вистина која треба да се живее со љубов. Поради тоа заедно со наука на верата потребно е да да се запази и целосноста на моралот, посебно на најчуствителните подрачја од животот. Прифаќањето на верата во Христос подразбира и чин на разум и морален одговор на неговиот дар.

Напоменувајќи дека грижата околу интегритетот на верата и моралот е чувствителна задача, ја истакна важноста од колегијално залагање. Треба да се промовира исправна синодалност на сите подрачја од црковниот живот – рече Папата, наведувајќи го како пример средбата на Конгрегацијата за наука на верата со претставниците на доктринарните комисии на европските епископски конференции.

Колегијалното соочување со доктринарните и пасторалните предизивици допринесува за новиот мисионерски поттик на верниците и поголема отвореност кон трансцедентни димензии на животот, без кои Европа ризикува да го изгуби оној хуманистички дух кој го сака и го брани – нагласи Светиот Отец. Поради тоа ја поттикна Конгрегацијата за наука на вера да ја засили соработката со советодавните органи кои им помагаат на епископските конференции и поедини епископи во грижата околу здравата наука – како што рече – во време на брзи промени и сѐ посложени проблеми.

Исто така како важно го истакна и проучувањето на комплиментарноста на хиерархиските и харизматските дарови. Папата рече дека според некоја логика на единство во легитимната различност – која ја нарече „автентична форма на заедништво на Божјиот народ“ – хиерархиските и харизматските дарови се повикани да соработуваат околу доброто на Црквата и светот.

Единството и разноликоста се ознаки на Црквата, која покрената од Светиот Дух знае да чекори на сигурен и верен начин кон целите, кои воскреснатиот Господ ги назначува во историјата – рече Папата, објаснувајќи: Тука добро се гледа дека синодалната динамика, ако се сфати исправно, се раѓа од заедништво и води кон секогаш изразено, подлабоко и пошироко заедништво во служба на животот и посланието на Божјиот народ.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот