Папата: Поделбите меѓу христијаните се рана на Христовото тело

Да се моли простување за поделбата меѓу христијаните кои прават „отворена рана на Христовото тело“ и да се моли простување за неевангелското однесување на христијаните едни кон други – се двата поттика на Светиот Отец од вечерната екуменска богослужба одржана на празникот Преобраќање на свети Павле, 25 јанауари во базиликата Свети Павле, со што заврши молитвената осмина за единство на христијаните.

Папата нагласи дека не можеме да дозволиме минатите грешки да ги одредуваат сегашните односи. Божјото милосрдие може да ги обнови односите. На свеченоста беа присутни православни, англиканци, како и претставници на други христијански заедници, кои заедно со Папата поминаа низ Светат врата.

Можеме да напредуваме на патот кон полно и видливо заедништво меѓу христијаните само ако се приближиме едни кон други, но пред сѐ со мерка кога ќе се обратиме на Господ. Да се обратиме значи да му дозволиме на Господ да делува во нас. Кога христијани од различни Цркви го слушаат Божјото слово и се обидуваат да го спроведат, прават важни чекори кон единството.

Не нѐ обединува смо повикот, туку и истото послание: на сите да се навестуваат Божјите чудесни дела. Додека сме на патот кон полно заедништво, можеме да развиеме различни облици на соработка и ширење на евангелието. Чекорејќи и работејќи заедно имаме на ум дека веќе сме обединети во името Господово. Единството се создава во одење – напомена Папата.

Не може да се напредува во единството на христијаните без потполно препуштање на Божјото милосрдие – рече Папата и поттикна да се бара простување за поделбите меѓу христијаните: Како римски епископ и пастир на Католичката црква, сакам да побарам милосрдие и простување на неевангелиските однесувања на католиците кон христијаните од другите Цркви. Истовремено ги повикувам браќата и сестрите католици да простат ако денес или во минатото – други христијани им направиле зло – рече Светиот Отец.

Единството е дар на милосрдниот Отец – истакна Светиот Отец, потсетувајќи на мноштвото христијански маченици, како вчера, така и денес. Да ја упатиме нашата понизна молитва кон Господ – рече на крајот Папата – и поттикнати од нивниот пример, примерот на екуменизам по крв и да бидеме охрабрени од нивното застапништво.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот