Дрогата не се победува со дрога
Дрогата не се победува со дрога, туку со ефективна превенција – истакна кардинал Пиетро Паролин, Папски државен секретар, во проповедта на божиќната јубилејна Литургија која ја служеше со зависиниците на 22 декември вечерта во италијанскиот центар за солидарност „Дон Марио Пиќи“ во Рим.
Кардиналот потврди дека Црквата пред драмата дрога не може да молчи, потсетувајќи на она што Светиот Отец често го повторуваше во текот на претходните години. „Дрогата не се победува со дрога! Дрогата е зло, а на злото не смее да се попушта ниту да се прави компромис со него. Мислењето дека може да се намали штетата, овозможувајќи им на луѓето кои постојано трошат дрога во употреба при психотропни лекови, воопшто не е решение на проблемот“.
Кардиналот потврди дека „легализацијата на т.н. лесни дроги, дури и делумно, освен што на законодавно ниво се контроверзни , не ги постигнуваат очекуваните резултати. Освен тоа, заменските дроги не се доволна терапија, туку таен начин да се предаде на зависноста. Со вработувањето, воспитувањето, спортскиот и здравиот живот, имено, треба да се борите, затоа што се зацврстува самодовербата на идните генерации. Црквата ги поддржува сите кои се ангажирани во ослободување од робувањето на дрогата, а за тоа јасно сведочи примерот на дон Марио Пиќи, кој кардиналот го спореди со добриот Самарјанин од Исусовата парабола.
Вашиот живот, со лузни кои зборуваат за трпение и болка, проповедуваат за Христовото воскресение кое се случува во вас. Успесите не изостануваат, а пред очите имаме примери на многу млади кои со желба да се тргнат од зависноста, го обновуваат својот живот. Успесите се поттик веродостојно да се гледа напред – истакна кардиналот.
Кардиналот ги поттикна сите да се чуваат од новите зависности, како што е злокобната појава на неконтролирани зависности од сурфање на интернет, потрошувачкиот менталитет, коцкањето, храната или сексот. Основниот чекор е превенција која се остварува во целокупната заедница за да вклучи што поголем број млади на воспитното, културното и образовното делување, а не само ризичните групи – заклучи кардинал Паролин.
Кардинал Пароилин истакна дека папата Фрањо се чуствува соучесник во неволјата на народот. Гледајќи ги трагедиите на мигрантите, Папата ја повика меѓународната заедница да пронајде ефективни одговори. Освен тоа, кардиналот рече дека не треба да се негира нашата верска традиција, затоа што христијанските симболи не ги навредуваат следбениците на другите религии.
РВ/Б.Р.