Кардинал Паролин на конференцијата за клима во Париз

Потребен е договор за климата со јасни етички упатувања за да се брани човечкото достоинство, посебно на оние кои се во најголема потреба, истакна кардиналот Пиетро Паролин, државен секретар на Ватикан, во говорот на Париската конференција посветена на климата.

Државниот секретар на Ватикан ги пренесе поздравите и охрабрувањето на папата Фрањо.

Во име на Папата срдечно ве поздравувам сите и го пренесувам искреното охрабрување за брзо остварување на плоден резултат на оваа Конференција, рече кардиналот Паролин на почетокот на својот говор во Париз. Притоа, тој потсети дека Папата во својот говор пред ООН посака глобален и преобразувачки договор, заснован врз принципите на солидарност, праведност, еднаквост и учество, концентриран кон постигнување на три темели и независни цели: ублажување на последиците од климатските промени, борба против сиромаштијата и целосно почитување на достоинството на човечката личност.

Кардиналот истакна дека за Папата би било трагично поедини интереси да преовладуваат над општото добро и да го поттикнат манипулирањето со информирањето. Глобалниот и преобразувачкиот договор треба да се темели на три темели, истакна кардиналот Паролин.

Првиот степен, како што рече, е одредување на јасно етичко дефинирање, на кое се темелат причините и целите на договорот. Добро знаеме дека климатските промени најмногу ги погодуваат најсиромашните и идните поколенија, бидејќи тие поднесуваат најтешки последици, а воопшто не се одговорни за нив. Кардиналот истакна дека климатските промени не познаваат заштитни граници, затоа во нас треба да се зајакне свеста дека сме едно човечко семејство во кое нема место за таканаречена глобализација на рамнодушност.

Вториот степен, продолжи кардиналот, се однесува на фактот дека договорот треба да одреди начини на спроведување и да пренесе јасни сигнали кои го канализираат делувањето на сите заинтересирани фактори, почнувајќи од владите, локалните власти, светот на претприемачите, научните заедници и граѓанското општество. Тоа бара одлучен преврат кон економијата со низок јаглерод и кон целокупен човечки развој, истакна кардиналот и ги поттикна сите да создадат програми за одржлив развој, посебно развиените замји, кои би требало да дадат добар пример и помош на неразвиените земји.

Третиот степен, продолжи кардиналот, се однесува на иднината. Конференцијата не е крај туку почеток, клучен момент од процесот кој не завршува со 2015 година. Договор со долгорочна проспектива каков би бил овој, би морал да содржи процеси на преиспитување на обврските и транспарентно, делотворно и динамично следење, кое е подготвено постепено да го зголеми степенот на претприемништвото, како и гаранција за ефективен надзор, истакна кардиналот Паролин.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот