Фиренца: Радост на сиромашните поради ручек со Папата
Секој ден луѓето кои се во потреба можат да најдат топол оброк во кујната „Свети Фрањо“ во историскиот центар на Фиренца. На сиромашните ќе им се придружи папата Фрањо за време на ручекот, по повод посетата Парата и Фиренце за 5-тиот национална средба на Католичката Црква во Италија. Во разговор за Радио Ватикан, Алесандро Мартини, управител на фирентскиот Каритас кој ја води спомената кујна, ја истакна радоста која ја почуствувале нивните корисници кога им било кажано дека Светито Отец ќе ручи со нив.
Исто така, истакна како верува дека овој чин на Папата ќе ја поттикне и граќанската заедница да пружи поголема поддршка за оние во потреба. Потврди дека ручекот на Папатасо сиромашните е чин кој најмногу го ценат оние кои се оддалечени од црковниот живот.
Осврнувајќи се на проблемот со невработеноста и бројните лица кои го загубиле своето работно место, управителот на Каритас во Фиренца напомена дека понекогаш им доаѓаат луѓе кои молат за оброк надвор од определениот час, затоа што се срамат да ги видат во редот како чекаат за оброк во кујната. Има луѓе кои до неодамна работеле, а сега се наоѓаат во големи тешкотии и останале сами – потврди Мартини, додавајќи дека во нивниот прифатен ценатр во текот на денот може да се најдат и стари лица кои се напуштени или осамени.
Тоа е место на човештвото и овој наш Папа доаѓа да ни каже дека иако е многу важен, иако е многу извонреден во својата работа, сепак е еден од нас – не за да направи претстава од тоа, туку да ни порача дека во едноставноста, трезвеноста и вниманието кон последните ќе ја откриеме својата хуманот. Тоа е начин со кој можеме да покажеме дека за нас христијаните хуманоста значи секојдневно „валкање на рацете“ и да се биде со последните – кажа Алесандро Мартини.
РВ/Б.Р.