Апел на Епископската синода за семејствата погодени од војни

Собрани околу Светиот Отец Фрањо, Петровиот наследник, ние синодските отци, заедно со братските делегати, аудиториумот и учесниците на XIV општ редовен собир на Епископската синода, ги насочуваме своите мисли кон семјствата на Блискиот Исток – се зборовите со кои започнува апелот на Епископската синода за семејствата кои се погодени од војната и немирите на Блискиот Исток, во Африка и во Украина, а кој е објавен на 24.октомври 2015 година.

Масовно убивање, обезглавување, продавање жени, злоупотреба на деца и прогони поради вера или етнички идентитет – се некои од мотивите поради кои илјадници семејства се присилени да побегнат од сопствените домови. Спречено им е враќањето во домовите и остварувањето на правото да живеат во достоинство и сигурност во сопствена земја – стои во изјавата на синодските отци, кој предупредува на постојано кршење на основните начела на човештвото и основните права.

Поради тоа изразуваат близина на патријарсите, епископите, свештениците и верниците, како и на сите граѓани на Блискиот Исток, изразувајќи им молитвена солидарност. „Нашите гласови се соединети со алармот на многу невини: крај на насилството, крај на тероризмот, крај на уништувањето, крај на прогоните! Веднаш нека се престане непријателството и продавањето оружје“ – стои во апелот.

Епископите напишаа дека мир на Блискиот Исток не треба да се бара со „наметнување сила“, туку со „политички одлуки кои ги почитуваат културните и верските особености на поединечните народи и религии“. Исто така изразуваат благодарност на Јордан, Либан, Турција и бројни европски земји кои ги прифатија бегалците, но и ја повикуваат меѓународната заедница да се ангажира во барање дипломатски, дијалошки и правни решенија.

Во апелот, исто така, се наведува повикот на папа Фрањо, упатен кон „сите луѓе и заедници кои се препознаваат во Авраам“, на меѓусебно почитување и крај на злоупотребата со која насилството се оправдува во Божјо име. Синодските отци додаваат дека се уверени дека мирот е можен и дека е можно да се прекине насилството во Сирија, Ирак, Ерусалим и целата Света Земја, кое сé повеќе ги погодува семејствата и невините цивили, дополнително отежнувајќи ја хуманитарната криза.

Нашата едниствена желба е да може да се живее во мир; „евреите, христијаните и муслиманите во другиот верник да можат да видат брат кој треба да го почитуваат и љубат“. Синодските отци, освен тоа „со еднаква загриженост и љубов“, ги насочуваат своите мисли кон сите семејства кои се наоѓаат во слични ситуации низ целиот свет, особено во Африка и Украина. За нив исто така повикуваат на враќање на достоинствен и мирен живот, на крајот предавајќи ја оваа накана под застапништово на Светото Семејство.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот