Во Битола се одржа Четвртата средба на свештениците и посветените лица
Во сабота 17 октомври 2015 година во Битола се одржа Четвратата средба на свештениците и посветените лица од Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија, која е во склоп на програмата во Година на посветениот живот.
На почетокот од средбата Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во црквата Пресвето Срце Исусово во Битола ги поздрави присутните и направи краток осврт на минатите средби. Потоа бискупот зборуваше на тема „Молитвата е темел на монашкиот живот“, во која на посебен начин ги истакна евангелските совети чистота, послушност и сиромаштво. Понатаму во своето излагање епископот Стојанов потсети на монашките завети, а на проповедта за време на Литургијата зборуваше за молитвата.
Средбата продолжи со Обожавање на Пресветата Причест, Бројаница и света исповед, а заврши со света Литургија и заедничко агапе.
к.мк