Индија: Очекувањата на Црквата од Епископската синода

Пасторалните предизвици наметнати од мешовитите бракови; пасторалната грижа за оние кои се оддалечиле од верскиот живот; негативното влијание на медиумите и новите информациски технологии во семејството; како и проблемите на емигрираните семејства, сите тие се проблеми за кои Црквата во Индија сака да проговори на редовната Епископска синода за семејството – беше истакнато во документот на индиските бискупи од латински обред, кој ги сумира одговорите од прашалникот за насоките за Синодата која ќе се одржи во октомври. На прашалникот одговорија 50 илјади луѓе, меѓу кои и членови од свештенството, монаси и верници лаици од 131 индиски бискупии од латинскиот обред.

Од документот произлегува дека најголеми предизвици на Црквата во Индија се меѓурелигиските бракови. Оваа појава е во пораст, и тоа во земја каде што католиците сочинуваат само 1,2% од населението, додека мнозинството го сочинуваат хиндусите. Во врска со тоа – како што истакнуваат латинските бискупи во извештајот – сегашните канонски норми не даваат одговор на прилагодените тешкотии и тоа што се однесува на правната форма, на кршението и воспитувањето на деца, како и меѓусебното почитување од аспект на разновидноста на верата. Особено, недостасуваат пасторалните инструкции за тоа што да се направи во конкретни ситуации, како на пример, во врска со учеството на католиците во религиозните обреди на другите религии.

Индиските епископи се загрижени и за абортусот, кој станува загрижувачки проблем и секојдневно е сѐ поголем во Индија. Освен промовирањето на програмите за подигање на свеста за живот (pro-vita), неопходна е и соодветна катехеза и предбрачна подготовка на паровите.

Уште една тема на која индиските бискупи би сакале да ѝ дадат простор во синодата е негативното влијание на медиумите и новите комуникациски технологии во семејството, кои доведуваат до алармантен пораст на насилството и сексуалното злоупотребување во индиското општество, особено врз жените и децата, и тоа – како што истакнаа бискупите – со ширењето на материјалистички модели и начин на живот.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот