Прославен патрониот празник „Успение на Пресвета Богородица” во Нова Маала
Во приквечерието на патрониот празник, 27 август 2015 година во црквата Успение на Пресвета Богородица – Нова Маала се служеше архиерејска света Литургија, која ја предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија во заедништво на свештеници од Апостолскиот егзархат и Скопската бискупија. Пригодна проповед одржа о. Ѕвонко Вуковиќ од Хрватска, кој се осврна на развитокот на науката за Пресвета Богородица преку конкретни датуми во текот на вековите.
На крајот о. Спасо Ристов, срдечно им се заблагодари, најпрво на Н.В.П д-р. Киро Стојанов за присутноста и за подршката на духовен план, а потоа и на сите присутни свештеници како и на верниците кои три дена едно по друго беа присутни за време на тродневницата, кога имаа можност да се исповедат.
По завршувањето на светата Литургија дружењето продолжи во парохиската сала.
к.мк/С.Р.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк