Монсињоро Сорондо за „Laudato si“ и економијата

Нарекувањето на енцикликата Laudato si’ „Зелена енциклика“ не му се допаѓа на Светиот Отец, а тоа тој секогаш го истакнува кога има прилика, истакна бискупот Марсело Санчез Сорондо, претседател на Папската академија за наука, во разговор за дневниот весник El Mercurio.

Намерата на Папата пред сѐ е да проговори за општествените теми, за социјалната праведност, а прашањето на климата очигледно има последици за најсиромашните народи, а се поврзува и со праведноста, вели бискупот Сорондо.

Светиот Отец зборува за околината затоа што е дел од Божјото создание. На тој начин во духот на свети Фрањо, кој во природата ја гледа убавината на откупувањето и во која секое едно нешто зборува за Христос. Во таа смисла, тврди бискупот Сорондо, енцикликата Laudato si’ е длабоко религиозен документ.

Зборувајќи за манипулациите со одредени делови од енцикликата, претседателот на Папаската академија за наука истакна: „Желба на Светиот Отец е да се избегне одреден дуализам. Тој сака да ни каже дека нѐ не интересира само човекот или само природата, туку не интересира целовитоста. Природата е заеднички дом и затоа е во темелен однос со човекот. Човекот, пак не треба да го сметаме за главен непријател на околината, туку битие кое е создадени на слика Божја и затоа има одговорност да соработува во делото на создавањето“.

Осврнувајќи се на оценката на Папата за сегашниот економски модел, монсињор Сорондо објасни дека станува збор за сфаќање втемелено на социјалната наука на Црквата. Папата не ја прифаќа либералната теорија и обожавањето на пазарот. Според папата Фрањо, либералното уредување е насочено кон профитот, кон богатењето, а заборава на личноста и општото добро.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот