Светскиот ден на младите во Краков ќе биде светски јубилеј

Светскиот ден на младите во Краков ќе биде јубилеј од светско ниво, напиша кардиналот Рилко, претседател на Папскиот совет за лаици, во пораката упатена на година

дена пред почетокот на Светскиот ден на младите.

Ова ќе биде втор по ред Светски ден на млади кој ќе се одржи во Полска, по Светскиот ден на младите кој во 1991 година кој се одржа во Честокова. Младите во Краков ќе бидат повикани да размислуваат за милосрдието како животен идеал и мерило за веродостојноста на нашата вера, истакна кардиналот.

Од Краков по цел свет ќе се шири порака, обременета со надеж и љубовта на милосрдниот Бог, кон секој човек на земјата. Духовното средиште на Јубилејот на младите ќе биде светилиштето на Божјото милосрдие и на света Фаустина Ковалска, апостол на Божјото милосрдие, кое свети Иван Павле II свечено го отвори во 2002 година, потсети кардиналот.

Во светилиштето ќе биде „Центарот на милосрдието“ збогатено со многубројни исповедници, каде младите на разни разици ќе можат да се исповедат. Во Краков на Светскиот ден на младите, местото на завршниот собир, кој е наречен место на милосрдието, ќе биде поставена симболична Света врата, како видлив знак на Јубилејот, пишува кардиналот.

Папата Фрањо, заедно со неколку млади, на почетокот на Молитвеното бдеење во саботата, на 30 јули, ќе помине низ таа врата. Врв на бдеењето ќе биде евхаристиското обожавање. Во недела, на 31 јули по Евхаристиското славење, Папата на младите, претставници на петте континенти, ќе им врачи запалени свеќи, симбол на Христовото милосрдие, а младите ќе ги прати во светот да бидат сведоци и мисионери на Божјото милосрдие.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот