Ватикан го поздрави договорот за нуклеарната програма на Иран

Светиот Престол гледа позитивно на договорот за нуклеарната програма на Иран”, изјави ватикански портпарол отец Федерико Ломбарди, одговарајќи на новинарски прашања. „Ова е важен резултат од преговорите спроведени до овој момент, но е потребно продолжување на напорите и посветеност на сите за постигнување на уште плодови. Желбата е овие плодови да не се ограничуваат само во рамките на нуклеарната програма, туку да се прошири и на други полиња.”

Договорот за решавање на долготрајниот спор за нуклеарната програма на Техеран по повеќе од една деценија преговори се смета за исторски. На овој начин санкциите врз Иран од САД, ЕУ и ОН ќе бидат прекинати во замена за долгорочни ограничувања на нуклеарната програма на Иран.

„Договорот открива ново поглавје во меѓународните односи. Тоа е знак на надеж за целиот свет”, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерико Могерини која претседаваше со групата 5 + 1 во преговорите со Иран во Виена. (САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија и Германија).

Од своја страна американскиот претседател Барак Обама рече дека договорот покажува дека „американската дипломатија може да донесе вистински и суштински промени”.

Рускиот претседател Владимир Путин коментира дека шесте сили, постигнале договор со Иран за нуклеарното прашање, направиле категоричен избор во корист на стабилноста и соработката, јави Ројтерс

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот