Во говорот за семејството да се внесува доктрината на Исус
Монсињор Чарлс Чапут, надбискуп на Филаделфија, каде што оваа година од 22 – 27 септември, ќе се одржи осмата Светска средба за семејствата, со присуство на Светиот Отец од 26 – 27 септември одржа конференција за новинарите.
Во Канцеларијата за печат при Светиот Престол истакна за деталите и за подготовките на настанот. Надбискупот изрази задоволство за напредокот на подготовките и истакна дека токму Светската средба на семејствата е повод за доаѓањето на Светиот Отец во САД.
Меѓу активностите во текот на првите три дена ќе се одвиваат екуменски, меѓурелигиски и меѓукултурни настани, посветени на семејствата, и се очекува да присуствуваат 15 ијлади учесници од целиот свет. Додека пак за посетата на папата Фрањо се предвидува да дојдат помеѓу еден и два милиони луѓе.
Во разговор за Радио Ватикан по прес-конференцијата, надбискупот Чапут истакна за незаменливиот допринос на Црквата за состојбата на семејството во општеството. „Единствена работа која Црквата ја внесува во дискусија за семејниот живот е доктрина на Исус Христос“ – рече надбискупот. „Затоа мислам дека нашиот најголем допринес е оваа доктрина да ја направиме појасна и да ја навестуваме на радосен и позитивен начин.
Осврнувајќи се на овој значаен црковен настан, надбискупот Чапут, за агенцијата Зенит, изрази надеж дека Светската средба за семејствата ќе биде еден вид „прегрупирање“ после тешките времиња од скандалите за сексуална злоупотреба на малолетници, спојувањето на парохиите и затворањето на училиштата. Како што рече, посетата на Светиот Отец ќе нѐ охрабри и ќе ни ја поврати изгубената доверба. Изрази надеж дека средбата во септември ќе помогне за подобрување на животот на семејствата и во нив повторно да ја изградат длабоката форма на пожртвуваната љубов во служба на другите членови на семејството.
РВ/З.А.