Папата: Не го разводнувајте христијанскиот идентитет
Треба да се заштитува христијанскиот идентитет и да дозволиме Светиот Дух да нè води во животот – истакна папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта на 9 јуни.
Треба да се заштитува христијанскиот идентитет и да дозволиме Светиот Дух да нè води во животот – истакна папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта на 9 јуни. Светиот Отец предупреди на луѓето кои сакаат христијанството да го претворат само во една убава идеја и на оние кои секогаш бараат новина во христијанскиот идентитет. Ја истакна световноста како опасност за христијанското сведочење, бидејќи таа така ја „растегнува совеста“ и така во неа може да влезе сè.
За да стигнеме до христијанскиот идентитет, Бог нè водеше по долгото историско одење. И наше е да одиме по долгиот пат во животот за да го зацврстиме христијанскиот идентитет и за да можеме да сведочиме. Тоа може да се дефинира како пат од нејаснотија до јасен идентитет.
Навистина постои грев заради кој паѓаме, но ја имаме силата Господова за да се подигнеме и да истраеме во својот идентитет. Гревот во одредена смисла рече Папата е дел од нашиот идентитет: „Грешници сме, но веруваме во Исус Христос.“ И тоа не е само научна вера, туку и Божји дар. Сам Бог нè потврдува во Христос, Он нè помаза, нè запечати, ни го даде ветувањето на Светиот Дух. „Бог ни дава идентитет“ – рече Светиот Отец.
Верноста е идентитет од основна важност како и препуштањето на Светиот Дух да нè води во животот. Како што се изрази папата Фрањо не сме следбеници на некоја посебна филозофија, туку помазаници кои го имаат ветувањето на Светиот Дух. Меѓутоа, бидејќи сме грешници секогаш доаѓаат искушенијата и постои опасност од губење на идентитетот. Затоа Папата предупреди на неколку такви опасности:
Првата е преминување од сведочење на идеја; разводнување на сведоштвата. Меѓутоа, нагласи папата Фрањо христијанскиот идентитет е конкретен. Се работи за опасноста на преминување на „мека“ религија, на гностицизам. Христијанскиот идентитет, според зборовите на Папата е скандалозен заради крстот и затоа постои искушение да се каже не, да се сака да се избегне соблазната.
Потоа има и такви на кои секогаш им се потребни новини во христијанскиот идентитет кои заборавиле дека се избрани и помазани, дека ја имат милоста на Светиот Дух. Тие на пример се пошегува Папата – бараат визионери кои зборуваат за писмо кое Богородица ќе им го испрати во 4 часот попладне. И од тоа живеат. Меѓутоа, тоа не е христијански идентитет.
На крајот, постојат такви кои со монденоста го загрозуваат својот христијански идентитет; луѓе кои толку ја растегнуваат совеста што во неа сè влегува. Така солта станува блуткава – рече Светиот Отец, велејќи дека постојат христијани кои не знаат да го сведочат Исус Христос. Бог во историјата на спасението од сомневање нè воведе во сигурност, во реалноста на овоплотувањето и откупителската смрт на својот Син. Тој е нашиот идентитет – нагласи Папата, објаснувајќи како треба да молиме за дарот на идентитетот кој не се прилагодува на работите за да не стане безвкусен.
РВ/Д.И.