Нејмар ја славеше победата со траката на главата на која пишуваше „100 ИСУС“

Младата фудбалска ѕвезда, бразилскиот репрезантативец и член на Барселона Нејмар да Силва Сантос Јуниор вчера се придружи на бројните фудбалери кои не се срамат јавно да посведочат за својата вера.

Во финалето на Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Јувентус младиот фудбалер пред 74.000 гледачи на берлинскиот олимписки стадион, но и пред милионите кои преносот го следеле пред малите екрани на главата гордо носеше трака со натпис „100% ИСУС“ и со тоа воодушеви бројни верници.

Иако овој гест на многумина може да им изгледа површно, „фолклорно“, а можеби и празноверие, и покрај сè тоа е израз на јавно сведочење на верата, а во време кога на новинарите им се забранува да носат крст околу вратот, кога во името на неутралноста и секуларноста од јавните простории се отстрануваат статуи на светци, овој фест има уште поголема тежина.

М.В./Битно.нет/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот