Бискупот Стојанов го посети младиот Никола Докиќ
Скопскиот бискуп и Апостлски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов на 28 мај 2015 година го посети семејниот дом на младиот Никола Докиќ (роден 1988 година), на кого му е дијагностициран рак на лимфните жлезди(morbus hodgkin lymphoma).
На почетокот од средбата Никола изрази голема радост за присуството на бискупот и рече дека најавата за посетата на бискупот со радост го исчекуваше цел ден. Тој го запозна бискупот за целата историја на својата болест и борба за живот и истакна како верува дека со Божја помош ќе ја победи оваа болест, нагласувајќи дека од молитвата црпи сила.
Бискупот Стојанов го охрабри Никола во носењето на крстот преку оваа болест, повикувајќи го да не губи надеж, која извира од дарот на верата и му честиташе за сведоштвото кое го дава како верник во овие моменти. На Никола тој му ја вети својата молитва и истакна дека оваа средба ја гледа како еден мал знак на подршка од Црквата, која е со него преку молитва и братска помош. Бискупот Стојанов на Никола му го предаде својот поклон, а средбата заврши со молитва и благослов од страна на бискупот.
к.мк/д.Д.Т.