Објавени статусите на Комисијата за заштита на децата

На 8 мај 2015 година беа објавени и одобрени статусите ‘ad experimentum’ од Комисијата за заштита на децата, кои за цел имаат да ја промовираат одговорноста на локалните Цркви за заштита на децата и ранливите лица.

Во Црквата никогаш повеќе злосторства против децата – пишува папата Фрањо во документот со кој на 22 март минатата година ја основа Комисијата за заштита на децата, чиј статуси вчера, на 8 мај , беа објавени и одобрени ‘ad experimentum’ на три години. Треба да се направи сѐ што е можно – истакна Папата кога ја формира комисијата – со цел да се гарантира дека во Црквата злосторствата против децата никогаш нема да се повторат.

Нагласувајќи да го продолжат делото на своите претходници, Светиот Отец објасни дека Комисијата, заедно со Конгрегацијата за наука на верата, треба да ја промовираат одговорноста на локалните Цркви за заштита на децата и ранливите лица. Папата истакна дека тажниот факт на таквите злосторства ја поттикна Црквата на испит на совеста и побара прошка од жртвите.

Според статусот, Комисијата за заштита на децата е советодавно тело во служба на Светиот Отец, се состои од најмногу 18 членови кои Папата ги именува на три години, а кои можаат повторно да бидат реизбрани. Редовна пленарна седница се одржува два пати годишно.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот