Папата: Мисијата на спортистите е да бидат добар пример за следење
„Спортот покрај образованието и трудот е еден од трите главни столба на младите“. Ова го истакна папата Фрањо пред претставниците на Италијанската тениска федерација, кои ги прими во петок 8 април во аудиенција во Ватикан.
Папата потврди дека Црквата „е заинтересирана за спортот, бидејќи спортот им се допаѓа на сите и признава дека спортската активност влијае врз формирањето на личноста, врз односите и духовноста“:
„Вие, спортистите, имате мисија: да бидете добар пример на оние кои ви се восхитуваат“, охрабри Светиот Отец.
Папата Фрањо се обрати и до раководителите и тренерите да бидат „сведоци на човечките вредности“, како и „учители на поголема лојална и чиста спортска активност“:
„Вашиот спорт има голема конкуренција, но тензиите и желбата да се постигнуваат значителни резултати никогаш не треба да ве тера да се служите со измами, какви што се случаите на допинг. Колку грда и неплодна е таа победа, која се постигнува со непочитување на правилата и со лажење на другите!“.
Папата го охрабри секој спортист „да се натпреварува не само во спортот“, но и во животот, во потрага на доброто, на вистинското добро, без страв, со храброст и ентузијазам“:
РВ/В.Н.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
За авторот
Слични написи

Папата до литванските епископи: Заштитете го семејството од идеологии кои сакаат да го дестабилизираат
