Папата: Биде луѓе на постојана и длабока молитва

Грижа за најранливите во општеството, грижа за здрави семејства кои ќе можат да дадат многу нови звања и упорност во молитвата – е ставено акцент во говорот до епископите на Лесото и Намибија, кои папата Фрањо на 24 април ги прими во аудиенција по повод нивната посета Ад Лимина.

Христијанската вера во тие земји ја посеа Светиот Дух преку напорите и жртвите на бројните мисионери со кои – рече Папата – исто така работеле и генерациите на домородните работници во Господовото лозје.

Вашите земји се познати по црквите, парохиите и мисионерските места кои привлекуваат многу луѓе во заеднички живот концентриран на молитва и работа. Познати се и вашите бројни училишта, клиники и болници. Ве поттикнувам да продолжете да ги поддржувате и да се грижите за тие големи благослови, дури и кога средствата се оскудни – напиша Папата во говорот кој го предаде на присутните епископи.

Папата ги поттикна епископите „во љубовта да ги зајакнат“ своите заедници за да ја надминат себичноста во личниот и јавниот живот и да можат великодушно да ја донесуваат Христовата благост каде што човечкиот живот е загрозен – од мајчината утроба до староста. Особено мислам – додаде Светиот Отец – на оние кои страдаат од СИДА.

Папата ги истакна и христијанските семејства кои се растргнати заради вработување далеку од дома или заради разделби и разводи, поттикнувајќи ги епископите да продолжат да им пружат помош и водство. Младите треба добро да се подготвуваат за христијански брак, а семејствата да се поддржуваат со светите Тајни – „гарантирајќи им ја особено широката достапност на светите Тајни на милосрдието“. Од здравите семејства – рече Папата – ќе течат многу свештенички звања, бидејќи децата во такви семејства ќе бидат подготвени да прифатат живот во безусловно служење на црковното семејство.

Во време во кое опаѓа бројот на свештеничките и монашките звања, важно е отворено да се зборува за радосното искуство на предавање на својот живот на Христос. Папата ги поттикна епископите да продолжат татковски да се грижат за расудувањето за секој повик, а свештениците да ги поддржуваат во нивната трајна формација. Зборувајќи пак за пасторалните планови за најсиромашните во општеството, Светиот Отец ги поттикна епископите на Лесото и Намибија особено да се грижат за сиромашните, истакнувајќи дека кога нашиот внатрешен живот ќе стане комплициран со сопствените интереси и грижи, тогаш се губи местото за сиромашните.

Во говорот Папата исто така се заблагодари за сведочењто и служењето на бројните монашки заедници кои се важни за молитвеното срце на Црквата. На крајот епископите ги поттикна да истрајат како „луѓе длабоки и постојани во молитвата“ бидејќи „молитвата претходи и води автентична евангелизација“. А задачата на евангелизирањето – заврши Папата – едноставно значи да се упатуваш на пат кон нашата најдлабока среќа.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот