Крстен пат на отворено во Петралинци
На 22 март 2015 година, на четвртата недела од Великиот пост се одржа Kрстен Пат на отворено во дворот на црквата Свети Кирил и Методиј во Петралинци.
Крстниот пат го предводеше парохот о. Ѓорги Појразов. На истиот учествуваа голем број на млади, деца и верници од парохијата и деца од филијалната црква Свети Димитриј и Падре Пио од Сарај.
По завршувањето на Крстниот пат, парохот Појразов во краток наговор се осврна на делот од Евангелието по Марко кој зборува за смислата на одрекувањето и прифаќањето на крстот во животот. Потоа следуваше молитва пред Светиот Крст.
На крајот парохот се заблагодари за присуството на децата од филијалната црква од Сарај и на сите присутни за учеството.
Средбата заврши со заедничко дружење.
к.мк/Д.И.
Категорија:
Македонија