Мостар: Парохиски Каритас – идентитет и делување

Во периодот од 2 -4 март 2014 година во Каритас центарот „Емаус“ во Мостар се одржа регионална средба на претставници на Парохиските Каритаси од Југоисточна Европа на тема „Парохиските Каритаси – идентитет и делување“, на која присуствуваше и Македонски Каритас со свои претставници од Парохиските Каритаси од Македонија.

Средбата беше отворена со

Средбата беше отворена со света Литургија од бискупот на Бања Лука, д-р Фрањо Комарица, кој воедно е претседател на Каритас на Бискупската конференција на Босна и Херцеговина.

Отец Мирко Шимиќ, директор на Каритас на Врхобосанската надбискупија зборуваше за „Теологијата и пасторалот на милосрдие“. Отец Матеј Кобал, директор на Каритас на Копарска надбискупија одржа предавање на тема „Идентитет и главна улога на Парохискиот Каритас“, додека пак о.Богдан Видмар, исто така од Копарска надбискупија во своето предавање ги истакна седумте принципи од социјалната наука на Католичката црква. Потоа следуваа примери на добра пракса од Парохиските Каритаси.

Средбата заврши во среда 4 март со посета на активности на Каритас на Мостарска бискупија.

Претставниците од Македонија на враќање во Сараево го посетија Каритас на Врхобосанската надбискупија, манастирот на сестрите Кармелиќанки, како и некои установи во Врхобосанската надбискупија.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот