Официјално отворање на Радио Марија Македонија

На празникот Безгрешно зачатие на Пресвета Богородица, според Грегоријанскиот календар, понеделник 08.12.2014, со почеток во 19:00 часот ќе биде свеченото отворање на Радио Марија Македонија. Директното вклучување во програмата ќе биде со сигналот на Радио Марија Македонија: “Magnificat anima mea”, во изведба на хорот на скопската катедрала. Директниот пренос од свеченото отворање може да се следи на веб страната: www.radiomaria.mk.

Ви ја пренесуваме во целост програма за тој настан.

ПРОГРАМА ЗА ИНАУГУРАЦИЈА НА „РАДИО МАРИЈА МАКЕДОНИЈА“

Празник на Безгрешно зачатие на Пресвета Богородица, 08.12.2014 во 19:00

  1. Сигнал на РММ: „Magnificat anima mea”,

пее хорот на Скопската катедрала.

  1. Се моли Magnificat:

На македонски – госпоѓица Ена Абјаниќ, водителка на македонската група на волонтери.

На албански – госпоѓа Ангелина Бериша-Марку, водителка на албанската група на волонтери.

На хрватски – госпоѓа Јадранка Чадиковска, водителка на хрватската група на волонтери.

  1. Музика

  1. По една десетка од Светата бројаница наизменично молат:

v  Македонски – С. Стефанија Георгиева, провинцијална настојателка на сестрите Евхаристинки.

v  Албански – С. Анџелина Јаковиќ, настојателка на сестрите Усмиленки.

v  Хрватски – С. Роберта Ристова, евхаристинка.

v  Македонски – С. Наталија Стојанова, евхаристинка.

v  Албански – господин Емануел Петри.

v  Хрватски – фоколаринка Ана Мартинчевиќ

  1. Лауретански литанија – моли госпоѓа Борка Томова

  1. Посветна молитва – ја молат сите присутни.

  1. Музика

  1. Госпоѓа Катица Трајковска-Абјаниќ, претседателка на Здружението Радио Марија Македонија – говор на македонски јазик.

  1. Дон Преке Лазрај, директор на РМА и претставник на Светското семејство на РМ – говор на албански јазик.

  1. Дон Антун Циримотиќ, директор на РММ – говор на хрватски јазик.

  1. Н.В.П. Д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и апостолски егзарх има завршен збор.

  1. Тебе Господи Те фалиме – пеат сите и со тоа завршува инаугурацијата.

к.мк/С.С.

Категорија: Македонија

За авторот