Папата на Ангел Господов: Целиот закон се состои во љубовта кон Бог и кон ближниот

Во говорот пред молитвата Ангел Господов на 26 октомври, Светиот Отец се осврна на денешното Евангелие, кое вели дека целиот Божји закон е сумиран во љубовта кон Бог и ближниот. Евангелистот Матеј проповеда како некои фарисеи се договориле да го искушуваат Исус. Еден од нив го прашал: Учителе, која заповед е најголема во Законот? – рече папата Фрањо, толкувајќи го Исусовиот одговор.

Исус одговори со цитат од Петтата Книга Мојсеваа: „Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум; тоа е прва и најголема заповед.“ Можел Исус на тоа да запре, но додал: „а втората е слична на неа: Возљуби го ближниот како себе си!“ И тоа е цитат од Левитскиот законик. Исус двете заповеди ги сумира во една – љубов кон Бог и љубов кон ближниот – тврдејќи дека се неразделни и се надополнуваат: тие се лицето и грбот на иста медалја. Не може да се љуби Бог, а да се мрази ближниот, ниту да го љубиш ближниот, а да не го љубиш Бог – објасни папата Фрањо, потсетувајќи дека тоа почесниот папата Бенедикт XVI многу добро го протолкува во својата прва енциклика „Бог е љубов“ (бр. 16-18).

Навистина, единствено љубејќи ги своите браќа, христијанинот може на светот, на другите и  на семејството да му сведочи за Божјата љубов. Заповедта на љубовта не е најголема затоа што е на прво место во листата на заповеди. Исус не ја става на врвот на листата, туку во средина, бидејќи е срце од кое треба сè да произлегува и во кое треба сè да се враќа – објасни Папата додавајќи дека светоста и во Стариот Завет подразбира грижа за најслабите, како странците, сирачињата и вдовиците. Во Исус во целост се исполнува законот на сојузот помеѓу Бог и човекот; Он во себе, во своето тело, го обединува божественото и човечкото, во единственото оригинално таинство на љубовта. Во светло на Исусовите зборови љубовта е мерило на верата, а верата е душа на љубовта. Повеќе не можеме да го одвојуваме верскиот живот од љубовта кон ближниот: молитвениот живот и средбата со Бог во светите Тајни од заземање и слушање на другиот, од интересирањето за животот на ближниот. Сеќавајте се на ова: љубовта е мерката на верата, а верата е душа на љубовта – поттикна папата Фрањо.

Во мноштвото закони и прописи – минати и сегашни – Исус отвора прозор низ кој можат да се гледат две лица: Божјото и на ближниот. Не ни дава две заповеди или прописи, туку две лица, односно само едно лице, Божјото кое во многу лица се одржува, бидејќи во секој брат, посебно ако е мал, слаб, незаштитен и во потреба присутна е Божјата слика. Затоа кога ќе сретнеме некои од браќата треба да се запрашаме дали сме способни во него да го препознаеме Божјото лице – рече Папата.

Така Исус на секој човек му нуди темел врз кој треба да го гради својот живот. Ни го дарува Духот Свети Кој ни овозможува да го љубиме Бог и ближниот, онака како што Он љуби, со слободно и великодушно срце. По застапувањето на Марија, нашата Мајка да го прифатиме тој дар на љубовта, да можеме секогаш да одиме во тој закон со двете лица, всушност едно: во законот на љубовта – заврши Светиот Отец и потсети дека во Бразил вчера е прогласена за блажена сестра Асунта Марчети основателка на Мисионерките на свети Карл Боромејски.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот