Кардинал Паролин на самит за климата во ОН
И покрај бројните договори усвоени на меѓународно ниво, нема да се подобри климата на Земјата, доколку Планетата не се заштити од климатските промени. Затоа е потребно сите да усвојат долгорочна програма, истакнато е во вторникот 22 август на 69. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк
Покрај говорот на претседателот на САД, впечатлив беше и говорот на Државниот секретар на Ватикан, кардинал Паролин. Тој ја истакна моралната обврска сите да го заштитат создаденото, поради самите нас, но и за идните генерации.
Цитирајќи го папата Фрањо, кардиналот ја истакна важноста „да се заштити природата, која често пати алчно ја искористуваме.“ За успешна заштита на создаденото е потребно преку образование и воспитување да се создаде вистинска култура на преобразба – рече кардинал Паролин.
Самитот за климата е организиран во обид до крајот на 2015 година да се усвои меѓународен договор за климатските промени.
РВ/го*ко