На 8 и 9 јануари моштите на свети Стефан Првомаченик ќе бидат изложени во црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица

На 8 и 9 јануари моштите на свети Стефан Првомаченик ќе бидат изложени во црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во предвечерието на празникот Свети првомаченик и архиѓакон Стефан, 8 јануари 2025 година во 17.00 часот, ќе ги донесе моштите на првомаченикот Стефан во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица, а потоа ќе служи Вечерна богослужба. По богослужбата црквата ќе биде отворена до полноќ за чествување на моштите.

Утредента, во четврток 9 јануари 2025 година, кога Црквата го чествува првомаченикот Стефан, епископот Стојанов во 9.00 часот ќе служи света архиерејска Литургија во црквата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица. По Литургијата моштите ќе бидат изложени и верниците ќе имаат можност да ги чествуваат во текот на денот.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот