Пред 70 години папата Фрањо го откри својот свештенички повик

Пред 70 години папата Фрањо го откри својот свештенички повик

Свештеничкиот повик на папата Фрањо е роден пред седумдесет години, на 21 септември 1953 година.

Пред седумдесет години, на денешен ден во 1953 година, младиот Хорхе Марио Бергољо – сега папа Фрањо – отиде да се исповеда пред една забава и имаше искуство на милосрдие што стана пресуден момент во неговиот живот и го поттикна да стане свештеник. Тогаш тој имаше скоро 17 години. На 11 март 1958 година, тој влезе во новицијат кај Исусовците. Потоа, на 13 декември 1969 година, неколку дена пред неговиот триесет и трети роденден, бил ракоположен за свештеник.

Во Аргентина на 21 септемри е празник на студентите; за Црквата, тоа е празник на свети Матеј, јавен грешник кого Исус го повика да биде апостол. Во 2013 година, самиот Папа раскажа што се случило на тој посебен ден, далечната 1953 година. Повикот на папата Фрањо се роди искусувајќи го Божјото мислордие. За мото го избра геслото преземено од проповедите на свети Беда преподобниот, кој коментирајќи го делот од Евангелието за Матеј пишува: „Исус го виде цариникот и бидејќи го погледна со милосрдние очи го повика и му рече: „Врви по мене!“. Папата повеќепати истакна дека може да се поистоветува со свети Матеј.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот