Најава за патрониот празник во Петралинци

Најава за патрониот празник во Петралинци

Во четврток, на 24 мај 2018 година на празникот на словенските апостоли и просветители свети Кирил и Методиј во истоимениот католички храм во Петралинци, со почеток во 10 часот ќе се служи света Литургија, по повод патрониот празник на парохија.

На светата Литургија ќе присуствуваат свештеници од Апостолскиот егзархат, а проповед ќе одржи о. Ристо Самарџиски, капелан во катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ Струмица.

По повод подготовка за патрониот празник во периодот од 21-23 мај 2018 година во парохијата ќе се одржи тридневница:

  • Понеделник, 21 мај 2018 година, во 18:30 часот, Молебен до Свети Кирил и Методиј
  • Вторник, 22 мај 2018 година, во 18:30 часот, Молебен до Свети Кирил и Методиј
  • Среда, 23 мај 2018 година, во 18:30 часот, Молебен до Свети Кирил и Методиј и Вечерна со благослов на петолебие

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот