Папата Фрањо во понеделник 4 ноември 2024 година во ватиканската базилика Свети Петар ја предводеше светата Литургија за душите на кардиналите и бискупите кои починаа во последните дванаесет месеци, а во проповедта се осврна и на разговорот меѓу Исус и добриот разбојник кој беше распнат покрај него. Тој истакна дека Господ секогаш ја услишува молитвата на грешниците, сè до крајот.
Во својата проповед Папата размислуваше за зборовите на разбојникот од Неговата десна страна „Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!“. Како што рече, ова се „последните зборови упатени кон Господа на еден од двајцата распнати со Него. Не ги изговара ученик, ниту еден од оние што го следеле Исус низ улиците на Галилеја и делеле леб со Него на Последната вечера Напротив, човекот што се обраќа на Господ е злосторник, оној кој го сретнува дури на крајот од животот, еден од оние чие име не го знаеме“, нагласи Светиот Отец.
Папата додаде дека „тој осуденик нè претставува сите нас, можеме да му го дадеме нашето име. Пред се можеме да се молиме неговата молба да биде и наша: „Господи, сети се на мене”, односно одржувај ме жив во твоето сеќавање. Не ме заборавај!“
Тој човек, распнат со Исус, силната болка ја претвора во молитва: „Исусе, прими ме во твоето срце“. Не го прашува со срцепарателен глас на поразен човек, туку, напротив, со тон полн со надеж. Тоа е сè што посакува еден разбојник, кој во последниот час умира како ученик: бара гостољубиво срце. Тоа е сè што му е важно во моментот кога се наоаѓа гол пред смртта. И Господ ја услишува молитвата на грешникот, на самиот крај, како и секогаш.
„Прободено од болка Срцето на Исус се отвора за да го спаси светот. Додека човечкиот живот е при крај, Божјата љубов дава слобода од смртта. Тогаш осудениот е откупен; странецот станува пријател; и кратката средба на крстот ќе траат вечно во мир“, потсети Папата и продолжи:
Ова не тера малку да се замислиме. Како го сретнувам Исус, или уште подобро, дали дозволувам да се сретнам Исус? Дали се затворам во мојата себичност, во мојата болка, во мојата самодоволност? Дали се чувствувам како грешник или се чувствувам исправен. Што му дадов на Господа да ме запознае, или му велам: „Не ми требаш, оди си!“?
Истакнувајќи дека Бог е сочувствителен и милосрден судија, Папата повика на молитва за кардиналите и бискупите кои починаа во изминатите дванаесет месеци.
Нашето сеќавање денес нека биде посредничка молитва за тие наши браќа. Беа избрани членови на Божјиот народ, крстени во Христовата смрт, за да воскреснат со Него. Беа пастири и примери на стадото Господово: Сега нека седнат на Неговата трпеза, откако на земјата го прекршуваа Лебот на животот. Ја сакаа Црквата, секој на свој начин – но сите ја сакаа Црквата. Да молиме за нив, за да можат засекогаш да уживаат во друштвото на светците. И да чекаме, со цврста надеж, дека со нив ќе се радуваме во рајот. Исусе, сети се на нас!
Ватикан њуз/к.мк