Папата Фрањо одлучи 52. Меѓународен евхаристиски конгрес кој требаше да се одржи во Будимпешта во септември оваа година, да го одложи за септември идната година.
Заради моменталната здравствена ситуација и нејзините последици од движењето и собирањето на верници и поклоници, Светиот Отец заедно со Папскиот одбор за меѓународни евхаристиски конгреси и со унгарскиот епископат, одлучи да го одложи 52. Меѓународен евхаристиски конгрес, кој требаше да се одржи во Будимпешта во септември оваа година, за септември во 2021 година, се наведува во изјавата на директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни од 23 април 2020 година.
Ватикан њуз/к.мк