Папата Фрањо: Среќен сум што ќе ја посетам Монголија како брат на сите

Папата Фрањо: Среќен сум што ќе ја посетам Монголија како брат на сите

Во поздравите по молитвата Ангел Господов, папата Фрањо зборуваше за своето патување во Монголија, кое ќе го започне во четврток. Тоа е, како што рече, многу посакувана посета која ќе биде можност да ја прегрнам Црквата, која е бројно мала, но жива во верата и голема во љубовта и да се сретнам со благородниот и мудар народ со голема верска традиција.

Во своето пладневно обраќање на 27 август, папата Фрањо се осврна на неговото скорешно патување во Монголија, каде ќе престојува од 31 август до 4 септември. Тоа ќе биде патување под мотото „Заедно се надеваме“, и – како што рече по молитвата Ангел Господов – многу посакувана посета на таа земја и нејзиниот народ, каде ќе се одржи екуменска и меѓурелигиска средба, во недела, 3 септември, во театарот Хун.

Тоа ќе биде можност да ја прегрнам Црквата, која бројно е мала, но жива во верата и љубовта, а исто така одблиску да го запознаам тој благороден, мудар народ со голема верска традиција, со кој ќе имам чест да се сретнам, посебно во контекст на меѓурелигискиот настан.

Обраќајќи им се директно на сите Монголци, папата Фрањо рече дека е среќен што патува за да биде меѓу нив како брат на сите и им се заблагодари на властите за поканата, како и на сите што работат на подготовка на патувањето. Воедно, тој ги поттикна сите верници неговото патување да го придружуваат со молитва.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот