Во приватна аудиенција во Ватикан, Папата прими околу 150 ходочасници од Полска, кој се на духовни вежби во Рим од 15 јули и припаѓаат на заедницата Светлина и Живот. Духовните вежби ги предводи надбискупот Грегорж Риш, митрополит од Лоѓ, кој е еден од идните нови кардинали.
Папата Фрањо во понеделник 17 јули 2023 година во приватна аудиенција во Ватикан прими околу 150 млади луѓе и семејства ходочасници од Полска кои учествуваат на духовни вежби кои започнаа во саботата, на 15 јули, а припаѓаат на заедницата Светлина Живот (ΦΩΣ ΖΩΗ), попозната како „Оаза на живата Црква“, најголемо полско црковно движење. Младите и семејствата во текот на годината го следат патот на христијанска формација во групи во парохиите и учествуваат во поинтензивен период на духовни вежби, на кои обично присуствуваат луѓе од различни делови на земјата. Заедницата е основана од отец Францишек Блачницки, кој е убиен од комунистичките безбедносни служби во 1987 година.
Патувањето во Рим и средбата со Папата се најважните фази од третата етапа на нивната формација. Учесниците се повикани да ја искусат тајната на Црквата во нејзината различност, а целта е да им се помогне да го најдат својот пат во заедницата на верни. Се запознаваат за различните форми и традиции на молитва, учествуваат на братските средби и ја откриваат длабоката христијанска историја, но и сегашноста на Црквата со посета на различни светилишта.
Ватикан њуз/к.мк