Н.В.П. д-р Киро Стојанов присуствува во Суботица на јубилејот 50 години Паулинум
Суботица, 20.4.2013 /к.мк/ – Неговото Високо Преосвештенство монс. Киро Стојанов, деновиве (19 и 20 април) учествува на Јубилејот 50 години од постоењето на Бискупската класична семинарија и гимназија Паулинум. Семинаријата и гимназијата е посветена под заштитао на свети Павле, апостол.
Паулинум делува од учебната 1962/63 и овие денови го слави затварањето на Педесетгодишниот јубилеј. Апостолскиот егзарх во Македонија и скопски бискуп д-р Киро Стојанов е првиот бискуп од поранешните семинаристи и ученици на Паулинум. Заедно со него има уште други тројца поранешни семинаристи кои денес се вброени во Апостолскиот збор на Христовата Црква. Четворицата бискупи и бројни свештеници и лаици поранешни семенаристи кои се школувале во гимназијата овие денови 19 и 20 април се собрани заедно да го прослават јубилејот 50 години.
Покрај владиката Киро во Семинаријата Паулинум во Суботица се школуваа и повеќе свештеници и свештенички кандидати од Македонија. (з.и.с)