На традиционалната празнична средба со членовите на Римската Курија, Папата ги повика да дозволат да бидат евангелизирани од Исус кој е роден во сиромаштво, не срамејќи се од својата слабост; тоа треба да биде стилот на живот на оние кои работат директно за поддршка на апостолското послание, посебно за време на неодамна започнатиот Синодален од
Да дозволиме да нè евангелизира понизноста на Детето Исус, сиромаштвото во кое Синот Божји дојде во светот, свесни дека без понизноста не можеме да се сретнеме со Бога, но ниту ближниот, братот и сестрата што живеат покрај нас. Понизноста е важна за верата, за духовниот живот, за светоста; таа значи дека сме сфатиле дека не треба да се срамиме од нашите слабости. Само понизноста ја става Црквата во вистинската позиција за синодалниот од со кој ќе бидеме ангажирани следните две години и ѝ дозволува на Римската курија да сведочи за Црква која го слуша духот и го става својот центар надвор од себе – се главните мисли на Папата Фрањо со кои на 23 декември 2021 година им се обрати на своите соработници, на средбата организирана по повод божиќните празници.
За да ни помогне да сфатиме дека смирението е резултат на промената што самиот Свети Дух ја прави во нас низ животот што го живееме, Папата го даде примерот со Нееман Сириецот, за кој се зборува во Стариот завет, во Четвртата книга Царства. Тој беше храбар војсководец, угледен и почитуван човек, но живееше со страшната драма на лепрата, која ја криеше под својот моќен оклоп. Тоа е контрадикторност што често ја наоѓаме во нашите животи; – објасни Папата – понекогаш големите подароци се оклоп што ги покрива големи слабости.
Нааман сфаќа една важна вистина: животот не може да се помине криејќи се под оклопот, зад некоја улога или општествено признание. Во животот на секој човек доаѓа момент кога повеќе не сака да живее под заштита на славата на овој свет, туку во полнотата на чесен живот, без потреба од оклоп и маски – рече Папата. Затоа, Нееман, покорувајќи се на убедувањето на своите слуги, и со гест на понизност слезе, го соблекува својот оклоп, се измива во Јордан и оздравува. Тоа е голема лекција! – истакна Папата. Понизноста за разоткривање на сопствената човечност, според Господовите зборови, постигнува исцеление за Нееман. Настанот за Нееман нѐ потсетува дека Божиќ е време кога секој од нас треба да има храброст да го соблече својот оклоп, да не ја користи повеќе својата улога, општественото признание, сјајот на славата на овој свет и да ја прифати неговата понизност.
Сите сме лепрозни на кои им треба исцелување. Божиќ е жив спомен на таа свест – рече Папата и потсети на опасното искушение на духовната световност, кое тешко се разоткрива, бидејќи е покриена со сѐ што инаку не смирува: нашата улога, литургијата, науката, религиозноста. На Црквата не ѝ се потребни од духовни учители и пасторални стручњаци кои даваат упатства останувајќи надвор, кои ја негуваат својата безгранична фантазија и губат контакт со напатената реалност на нашиот верен народ – рече Светиот Отец.
Понизноста е способност, додаде Папата, да знаеме да го живееме нашето човештво без очај, со реализам, радост и надеж; човештвото кое Господ го сака и благословува. Понизноста е сознание дека не треба да се срамиме од нашите слабости. Исус нè учи да гледаме на нашата беда со истата љубов и нежност со која гледаме на мало, слабо дете на кое му треба сè.
Спротивност на понизноста е горделивоста, која пророкот Малахија ја опишува како слама, без корен и ластар. Така горделив, затворен во својот мал свет, нема повеќе ниту минато, ниту иднина, нема повеќе корени или потомци, додека скромниот живее постојано воден од два збора: да се сеќава и да создава и така да ја живее радосната отвореност на плодноста. Понизниот создава, повикува и поттикнува кон она што не се познава. Напротив, горделивиот повторува, се стврднува и се затвора во неговото повторување; се чувствува сигурен во она што го знае и се плаши од новото затоа што не може да го контролира, чувствува дека тоа го дестабилизира… затоа што го изгубил памтењето.
Сите сме повикани на понизност затоа што сме повикани да паметиме и создаваме, повикани сме да најдеме добар однос со корените и потомците. Без нив ние сме болни и предодредени да исчезнеме. Исус, кој доаѓа во светот преку понизноста, ни го отвора патот, ни го покажува патот, ни ја покажува целта – истакна Папата.
Вистина е дека без понизност не може да се сретне Бог и не може да се искуси спасението, но точно е и дека не може да се сретне и со ближниот, братот и сестрата кои живеат покрај нас – рече папата Фрањо и се осврна на синодалниот од што започна. 17 октомври. И во тој случај – според Папата – само понизноста може да нѐ доведе до вистинска состојба за да можеме да се сретнеме и слушаме, разговараме и распознаваме. Клерикализмот, кој секојдневно се шири меѓу нас како искушение, секогаш нè поттикнува да мислиме на Бог кој само на едни им зборува, додека други треба само да слушаат и да извршуваат. Синодата е искуство на чувство дека сите сме членови на една поголема народ: светиот верен Божји народ.
Папата потоа потсети на трите клучни зборови истакнати на отворањето на Синодата: учество, заедништво и послание, а тоа се трите начини преку кои треба да се оствари во пракса патот на понизноста. „Учеството“ треба да се изрази преку соодговорност. Би било важно – истакна тој – секој, и покрај различните должности и служби, да се чувствува учесник, одговорен за работата.
Потоа „заедништвото“, која се раѓа од односот со Христос. Многумина од нас работат заедно, но она што го зајакнува заедништвото е можноста да се молиме заедно, да го слушаме Словотот заедно, да изградиме односи што надминуваат едноставната работа и да ја зајакнат врската за доброто помагајќи си еден на друг. Без него, ние би можеле да бидеме само странци кои соработуваат, ривали кои се обидуваат да постигнат подобро место.
„Посланието“ е она што нè спасува од свртување кон самите себе. Само срцето отворено за посланието гарантира дека сè што правиме секогаш е обележано со обновувачката сила на Господовиот повик и ентузијазам кон сиромашните, односно оние на кои нешто им недостига, не само материјално, туку и духовно, емотивно и морално. Црквата е повикана да излезе во пресрет на сите сиромаштва и е повикана да им го проповеда Евангелието на сите, затоа што сите сме на некој начин сиромашни. Но, Црквата им оди во пресрет затоа што тие ни се потребни: ни треба нивниот глас, нивното присуство, нивните прашања и критики – рече Папата.
Учеството, заедништвото и послание се карактеристики на понизна Црква која го слуша Светиот Дух и го става центарот надвор од себе. Затоа, завршната желба на папата Фрањо е целата Римска курија да дозволи да биде евангелизирана со понизноста на Божик, јаслите, сиромаштвотот во кое Синот Божји влезе во светот. Само со служење и само со размислување за нашата работа како служење можеме навистина да бидеме корисни за сите. Овде сме – најпрво јас – да научиме да клекнеме и да му се поклонуваме на Господ во Неговата понизност, а не на други господа во нивното празно богатство.
Поуката од Божиќ е дека понизноста е голем услов на верата, духовниот живот, светоста. Господ нека ни ја даде, а ако уште не ја поседуваме, нека поттикне во нас желба, она што го немаме барем да почнеме да го посакуваме. Желбата е веќе Духот кој делува во секој од нас. Да молиме од него благодатта за да можеме да посакаме да станеме мажи и жени со големи желби – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк