Во црквата „Свети Пророк Илија“ во Радово, на 30 октомври 2021 се молеше света Бројаница до Марија од Назарет, созаштитничка на парохијата. Молитвата заедно со о. Илија Стојанов ја организираа младите од парохијата.
Молењето на Светата Бројаница беше налик на молењето на светата Бројаница во Паљурци на 23 октомври, со песни меѓу Десетките водени од Сестрите Евхаристинки, а во чест на нашата небесна Мајка Марија, во месецот посветен на Светата Бројаница, воедно и потикнато од Синодалниот óд во Црквата Христова 2021-2023.
Со запалени свеќи околу Марија од Назарет во Радово, молејќи света Бројаница и пеејќи песни до нашата небесна Мајка, младите заедно со присутните верници од парохијата се приклучија кон Универзалната Црква која е во Синодален óд „За Синодална црква: заедништво, учество посалние“.
к.мк/Филип Стојанов