„Папата – објасни Бруни, се задржа со него во долг разговор и со помош на преведувачот слушаше за болката на таткото кој страда заради загубата на семејството и го изрази своето и Господовото длабоко сочувство во страдањето на тој човек“, рече директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни.
Папата Фрањо се сретна во неделата на 7 март во Ербил со таткото на Алан Курди детето од Сирија со курдска националност кое загина во бродолом на турскиот брег во септември 2015 година и чија фотографија го обиколи светот.
Папата видно трогнат од средбата го прегрна таткото чиј син Алан денес би имал осум години и кој стана симбол на трагичното патување на мигрантите по Средоземното море.
Папата оваа недела, ги извести новинарите директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни сакаше да се сретне во текот на своето патување во Ирак на стадионот „Франсо Харири“ во Ербил со Абдулах Курди таткото на малиот Алан кој во септември 2015 година загина во бродолом додека со семејството се обидуваше да дојде до Европа и чие тело е пронајдено на турскиот брег. Заедно со Алан во превртувањето на гумениот чамец со кој пловеа животот го загуби и неговата мајка Рехана и брат му Галиб.
„Папата – објасни Бруни, се задржа со него во долг разговор и со помош на преведувач слушаше за болката на таткото кој страда заради загубата на семејството и го изрази своето и Господовото длабоко сочувство во стадањето на тој човек. Господин Абдулах изрази благодарност до Папата за зборовите на близина со неговата и со трагедијата на сите оние мигранти кои бараат разбирање, мир и сигурност, оставајќи ја својата земја и изложувајќи го притоа на погибел сопствениот живот.“ Таткото на детето му подари на папата Фрањо слика на која е прикажана безживотното тело на неговиот син на брегот.
Ватикан њуз/к.мк