Допир со зборови

Допир со зборови

Допирот зазема центарално место во нашиот живот, а во време на пандемија е предизвик да не се загуби, туку да се продлабочи способноста.

Знаеме дека допирот е првото сетило кое го развиваме од раното детство. На пример за прерано родени деца контактот кожа со кожа е клучен за стабилизација на бројот на отчукувањата на срцето, дебелењеето и скратувањето на времето на хоспитализација.

Кога ги допираме другите луѓе мозокот обработува информации со различни механизми. Колку пати сме доживеале момент кога прегратката е посилна од илјада зборови! Таквиот контакт ни овозможува негување на емоционалните врски, а може дури да делува и како средство за ублажување на болката.

Универзитетот Goldsmiths спроведе во периодот од јануари до март оваа година истражување на речиси 40.000 луѓе во повеќе од 110 земји во кое повеќе од половина од испитаниците кажале дека во животот немале доволно контакти со другите луѓе, а што е директно поврзано со другата пандемија од која светот денес страда – со осаменоста.

Таа загриженост заради недостатокот на физички контакт меѓу луѓето се зголемува уште повеќе во времето на пандемијата од коронавирусот. За да се избегне заразата, забранета е физичка комуникација со луѓето, но тоа никако не смее да значи дека нашите лични односи ќе се нарушат. Денес општествениот концепт на физички контакт се менува и што треба да се направи за да се одржи во животот тој важен контакт за човекот? Знаеме дека наклонетоста и грижата можат да се изразат на многу начини, а другите сме способни да ги допираме дури и со зборови. Постои духовната димензија на комуникацијата која е многу моќна и може оваа најдобро време за нејзино развивање.

За да чувствуваме помала нерамнотежа заради недостатокот на физичката димензија, својата комуникација можеме да ја зацврстиме зголемувајќи ги пораките на љубов и грижа. Накратко – можеме да станеме стручњаци за збор и да останеме единствени во времето обележано со коронавирусот.

Со зборови можеме:

Да се заблагодариме

Да го слушнеш едноставниот збор „благодарам“ може да има големо влијание. Ценете го тоа доброто што го гледате во другиот и кажете му го тоа. Ако се насочиме на благодарноста на посебен начин можеме да ги допреме срцата на другите.

Да охрабриме

Обратете внимание на целите кои луѓето околу вас ги поставиле, што сакаат да постигнат и каде ги насочуваат своиете напори. Слушате ги проблемите, болките, тешкотиите за кои ви зборовуваат. Во таквите моменти на борба или исцрпеност збор за охрабрување може многу да промени. Потсетете ја личност за нејзината вредност и поттикнете ја на нешто конкретно кога ќе почувствувате дека не може понатаму.

Сфатете ги

Сите можеме да се чувствуваме сфатени, но многу пати не сме во можност да ги разбереме другите, ниту да ги сфатиме нивните чувства. Може да биде многу утешно да им дадеш до знаење дека не се сами, дека заедно со нив поминуваме низ нивните тешки моменти. Секако не е лесно да се ставиш на местото на другите луѓе, но обидете се да бидете искрени и покажете емпатија. Не критикувајте, подобро поставете прашања и понудете разговор.

Помирете

Употебете зборови за зацелување на раните со усна или писмена прошка, признајте дека сте можеле подобро и помислете како другите се чувствуваат при вашите непримерни постапки.

Почитувај

Со почит сите мора да се здобиеме. Притоа секогаш е важно да бидеме пристојни и на другите да им ја дадеме потребната почит. Да бидеме искрени при давањето комплименти кои потврдуваат или ја наградуваат другата личност.

Да дадеш сила

Нешто што може многу да помогне на луѓето со кои имате врски или добро ги познавате е да ги потсетите на она што некогаш сте го работеле заедно кога немаше физичка изолација. Внатрешните чувства и присетувањето можат да создадат добра клима која ги олеснува решавањето на потешкотиите.

Да се живее верата

Она што луѓето насилно ги држи заедно е молитата, а таа се состои од зборови на љубов кои можат да допрат до срцата на другите. Молитвата е средство со кое Бог нè повикува да останеме заедно во љубвта. Делењето зборови на надеж и вера може да поттикне на внатрешен порив, на разведрување на умот и промена на денот на човекот

Свјетло ријечи/к.мк

Ознаки допир

За авторот