Папата: Како да се добие простување на гревовите до првата можност за исповед?

Папата: Како да се добие простување на гревовите до првата можност за исповед?

 

Луѓе кои умираат без свештеник, семејства затворени дома, кои не се во можност да дојдат до свештеник заради вирусот КОВИД – 19; во проповедта одржана во Домот „Света Марта“ папата Фрањо цитираше од Катехзимот на Католичката црква за „совршеното покајание’, со кое се простуваат гревовите додека се дојде до можноста да се пристапи на исповед.

‘Salus animarum’, спаение на душите е врховниот закон на Црквата, важно мерило кое одредува што е исправно. Поради тоа Црквата секогаш на сите начини настојува да овозможи помирување со Бог и тоа на сите кои го поскауваат тоа, кои чекаат или се свесни за својата состојба и чувствуваат потреба да се сослушаат, сакаат да им се прости. Во ова кризно време поради пандемијата, со тешко болни луѓе кои се изолирани во одделенијата за интензивно лекување, како и за семејствата од кои се бара да останат во домовите како би се избегнало ширењето на заразата, корисно е да се потсетиме на сите богатства на традицијата. Тоа Папата го направи во проповедта на светата Литургија која ја служеше во Домот „Света Марта“.

Знаме дека многумина од вас за Велигден одите на исповед за да се сретнете повторно со Бог – рече Папата. Меѓутоа, многумина денес ќе ми кажат: ‘Оче, како може да најдам некој свештеник, исповедник, затоа што не смее да се излегува од дома? А јас сакам да се помирам со Господ, сакам да ме прегрне, мојот Отец да ме прегрне… Што да правам, ако не најдам свештеник? – рече Папата и одговори: Прави го она што пишува во Катехизмот.

Многу е јасен; ако не најдеш свештеник за да се исповедиш – објасни Папата – разговарај со Бог, Тој е твој Отец, и кажи му ја вистината: „Направив тоа и тоа…. Прости ми“, и барај од Него простување од сè срце, со покајничка молитва и вети му: „После ќе се исповедам, но сега прости ми!“ И веднаш ќе се вратиш во милоста Божја. Самиот можеш да се приближиш на Божјото простување нè учи Катехизмот, доколку нема на располагање свештеник. Замислете сега е моментот! Ова е вистински, погоден момент. Добро направеното совршено покајание и нашата душа ќе стане бела како снег – рече Папата.

При тоа Папата мислеше на точките 1451 и 1452 од Катехзимот на Католичката Црква, кој е објавен од свети Иван Павле II, а кој е составен под раководство на тогашниот префект на Конгрегацијата за наука на верата, Јосеф Рацингер.

Што се однеува до „покајанието“ Катехизмот, спомнувајќи го Тридентинскиот собор, учи дека меѓу сите чинови на покајникот, каењето е на прво место. Тоа е „болка на душата и осуда за направениот грев со одлука повеќе да не греши – објасни Папата.

Во ККЦ 1451 стои: Меѓу чиновите на покорникот каењето е на прво место. Тоа е „болка на душата и осуда за направениот грев со одлука повеќе да не греши“.

Во ККЦ 1452 стои: Кога каењето призлегува од љубовта кон Бога, најљубен од сè друго, се нарекува „совршено каење“ (од љубов кон Бог, contrition). Тоа каење ги простува лесните гревови; а се постигнува и простување и на тешките гревови ако вклучува цврста одлука да се пристапи на светотаинска исповед, кога тоа ќе биде возможно.

Значи додека ја чекаме можноста да можеме да бидеме разрешени од гревовите од свештеник, кога за тоа ќе се добие можност, со тој чин е можно веднаш да се добие простување.

Патот до Божјото милосрдие е отворен за сите, и може да биде во корист на сите, а посебно за оние кои во овој момент се дома со болни или пак во болница.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот