Сестрите Евхаристинки со молитва помагаат во борбата против коронавирусот

Сестрите Евхаристинки со молитва помагаат во борбата против коронавирусот

Во оваа време на тага, кога владее неизвесност и страв од Ковид-19 силна молитва се издигнува кон небото од манастирите на Сестрите Евхаристинки.

Во оваа време на неизвеснот, страв и паника која ја предизвика пандемијата со коронавирусот, малата заедница на Сестрите Евхаристинки од Софија (Бугарија), во главната куќа на општеството на Сестри Евхаристинки, покрена иницијатива да се бориме со најсилното оружје против корона вирусот: со силна молитва која се издигнува до небото и жртвите кои ги принесуваат на Бог, со накана заразата од коронавирусот веднаш да запре.

Сите манастири на Сестрите Евхаристинки се вклучени во иницијативата и упатуваат повик  до сите луѓе со добра волја покрај секојдневната молитва, што повеќе да се приклучиме во молитвата Деветница на Божјото Милосрдие, кое ќе започне на Велики петок, 17 април (според јулијанскиот календар) со цел молитвата што посилно да одекне во небото и побрзо да запре оваа зараза.

Молитвите за Деветницата на Божјото милосрдие побарајте ги во вашата парохија.

Сестрите Евхаристинки, топло ја препорачуваат во секојдневните молитви да ја вклучите и молитвата за застапништво на нивниот основач отец Јосиф Алоати.

Молитва за застапништво на отец Јосиф Алоати

Предвечно и животворно Тројство, кое во својата доброта и милост си вдахнал во срцето на својот скрoемен служител, отец Јосиф Алоати, огнена љубов кон пресветата Тајна Евхаристија, херојска пожртвуваност и нескршив мисионерски дух за Неговото распространување меѓу источните народи, Ти се молиме, дај ни ја благодатта, која од Тебе ја молиме како знак на Твојата доброта кон него.Амин Оче наш…Радувај се Маријо…Слава на Отецот…

Сестри Евхаристинки

Категорија: Вести, Македонија

За авторот